Клое Кардашијан објави снимка од ќерка ѝ во приватен авион, сите ја критикуваат (ФОТО)

Клое Кардашијан уште еднаш ја вознемири јавноста.

Таа објави фотографија од нејзината ќерка во приватен авион само неколку недели откако Кајли Џенер беше критикувана за 17-минутно возење со авион.

Така, 38-годишната Клои на Инстаграм објави фотографија од нејзината четиригодишна ќерка Тру Томпсон како седи во приватен авион. Се насмевнува додека држи таблет и јаде чипс. Зад неа е ќебе на позната модна куќа.

„Мојата мала дама“, напишала гордата мајка.

Додека многумина коментираа колку е слатко девојчето, вклучувајќи ја и Кајли, многумина ја критикуваа дека користела приватен авион.

„Дали летавте повеќе од 10 минути или пак ја убивате планетата со вашите шеги? Праша еден, додека друг додаде: „Веројатно мораше да одиш до крајот на улицата, па реши да летате наместо да пешачите“.

Минатата недела Џенер објави фотографија на која позира пред приватни авиони во сопственост на неа и партнерот Тревис Скот. Профилот на Твитер кој ги следи познатите личности ја информирал јавноста дека авионот на Кајли Џенер бил во воздух цели 17 минути. Многумина ја навредуваа дека се фали со своето богатство и ја загадува околината.

„Споделувате со нас фотографии од природата и прекрасни сцени од дивината, па навистина не разбирам зошто водите таков начин на живот. Авиони, големи автомобили, огромни куќи... Вашиот јаглероден отпечаток ја уништува Земјата... Бесмислено “, изјавило едно лице.

Не е познато каде отишла Клои со својата ќерка. Пред две недели таа потврди дека чека второ дете со Тристан Томпсон, кое ќе им го роди сурогат мајка.

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

притисни ентер